Да, постојат вистински пријатели во светот на шоу-бизнисот. И Адел е следната ѕвезда што ќе го докаже тоа. Пејачката активно се зазела да организира моминска забава на другарката Џенифер Лоренс, која се вери за Кук Марони претходно оваа година.
31-годишната Британка сакала да ја изненади својата другарка, која претходно сама се обиде да си направи моминска забава, но се покажа како целосен неуспех, пишува The Sun.
“Адел почна да испраќа покани. Таа држи сè тајно.“ Ќе има доста познати личности, па медиумите ќе останат настрана. Џенифер сака да се забавува, па сè може да се случи овој ден. Претходно, актерката го потврди нејзиниот неуспешен обид да организира забава.
“Отпрвин не сакав моминска забава, но се предомислив во последен момент. За жал никој не беше достапен тогаш и плачев. Немав поим зошто плачев, бидејќи навистина не планирав забава. Веројатно ми беше жал “, рече таа.