Тифозите на Јуве: Гонзало, остани со нас

од Vlatko K
86 прегледи

Поддржувачите на Јувентус, кои се собраа ова утро да се сретнат со тимот за почеток на
предсезонските подготовки, побараа од Гонзало Игуаине да не заминува.


Напаѓачот минатата сезона беше на заем во Милан и Челзи, но сега се враќа кај „црно-белите“.
„Гонзало, остани со нас“, извикуваа навивачите по пристигнувањето на напаѓачот.

https://twitter.com/i/status/1148905098199916544

Тренер на италијански шампион е Маурицио Сари, кој во зима го зеде Игуаин на „Стемфорд Бриџ“, а
исто така му беше ментор во Наполи.