Среќна завршница за Стариџ и неговото куче

од Vlatko K
128 прегледи

Повикот на поранешниот напаѓач на Ливерпул, Даниел Стариџ да му биде вратено украденото куче
даде резултат само ден откако тој објави за кражбата на домашниот миленик.


Како што е познато, вчера играчот објави серија видеа во социјалните мрежи во кои откри дека
неговата куќа во Лос Анџелес била ограбена, а освен неколку торби, крадците го украле и неговиот
померанец Лучи. Тој дури објави и награда од 20-30 илјади долари за оној кој го врати кучето назад.

Дали поради ветените пари, или од сожалување, но миленикот брзо беше вратен на загрижениот
сопственик, соопшти локалната полиција. Оттаму веднаш започнале истрага за случајот, откако не
веруваат дека човекот кој му го вратил на Стариџ кучето има нешто заедничко со кражбата.