Маричиќ жестоко кон Димовски: Во нашите разговори нема ништо спорно, туку во вашите каде што се нарачува притвор, апсења и малтретирање на луѓе

од desk4
137 прегледи

Лажна тема е дека се загрозени интересите на државите, бидејќи ниту една држава не е влезена во конфликт, ниту една држава не е навредена од премиерот Зоран Заев, напротив тој се изјаснува како нашата земја Република Северна Македонија гледа на еден крупен регионален проблем за што од нас е побарано мислење и од Меркел и од Макрон и од американската администрација, претседателот Трамп и од сите останати. Нашиот став што бил соопштен во тој телефонски разговор е истиот кој што бил соопштен и јавно и исто како што и било кажано на канцеларката Меркел, порача посебен советник за евроатлански интеграции во кабинетот на Зоран Заев, Бојан Маричиќ во вечерашното гостување на ТВ 24.

На ова му реплицираше Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ, кој праша: Дали некогаш   јавно сте кажале дека Турција сака да го анексира Кипар, на што доби жесток одговор од Бојан Маричиќ

– Во овој разговор нема ништо спорно, туку има спорно во вашите разговори каде што нарачувате притвор за одредени лица, има спорно каде што се нарачуваат апсења и малтретирања на луѓе, тоа е разликата меѓу нашите и вашите разговори.

Премиерот Заев беше предмет на една измама на двајца измамници, манипулатори на ширачи на лажни вести, излезе тоа јавно го кажа, го призна и во ниту еден момент не откри никаква тајна, ниту пак дозволи на ниту еден начин да биде загрозен интересот на државата, се бореше и се уште се бори за интересите на МПЦ, се уште се бори за интересите на нашето членство во НАТО и ЕУ, се уште се залага за мир истабилност во регионот, објасни Бојан Маричиќ, советник на премиерот Зоран Заев, вечерва во дебатата на ТВ 24.

– Суштинската разлика е тоа што ние отворено и јавно признавме и работиме на исправање на овие грешки кога премиерот на господинот Илија Димовски, Никола Груевски кој беше предмет на измама од Субрата Рoј ниту призна ниту кажа, требаше 20 илјади крави да бидат во Овче Поле, требаше Лас Вегас во Љубаништа да биде и ништо од тоа не се случи. Тоа е класична измама и ништо од тоа не беше признаено во јавноста. Причината е само една затоа што Гуревски и Ставревски беа дел од измамата и дел од измамниците, тоа е суштинската разлика кога се случува измама во оваа ситуација во случајот на премиерот Заев и во случајот на гарнитурата на Господинот Димовски, му рече Маричиќ на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски.