
Српската православна црква (СПЦ) не се занимава со вероисповед. Таа се обидува да ги претвори верниците во бранители на српските национални интереси. Многу често тоа се случува на еден обичен начин, при брутално прекршување на правната држава. Таа се меша и во стратешките правци на црногорската државна политика.
Ова го изјави црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во интервју за РТЦГ. Според него СПЦ е главен виновник за поделбата меѓу православните граѓани во Републиката. Ѓукановиќ е убеден дека „поделбата може да биде надмината само со поставување на автокефална црногорска црква, која ќе ги отвори вратите за сите православни верници“.
„Сакам да помогнам да излеземе од овој длабок раскол меѓу православните во Црна Гора … Нема никакво сомневање дека имало автокефална црногорска црква, која е создадена од Иван Црнојевиќ и за тоа има многу историски документи … автокефална црногорска црква има своја историја и традиции“, рече Ѓукановиќ и истакна: „И државата не беше обновена за една година. Така ќе се случи и со црквата. Треба да се подготви добра стратегија. Лично, јас не се сомневам во исходот на оваа битка. Нема никакво сомневање дека Црна Гора ќе има своја автокефална црква“, истакна уште Мило Ѓукановиќ.