„Wild Wild West“ доби искрен трејлер

од desk2
203 прегледи

Една од ретките дамки во инаку фантастичната филмска кариера на Вил Смит конечно го доби третманот на Screen Junkies, преку новиот Искрен трејлер. „Wild Wild West“ требаше да биде летен блокбастер од најголеми размери, но испадна само филм за кој денеска се зборува со потсмев.

Планот за „Wild Wild West“ беше многу амбициозен и на него беа потрошени 170 милиони долари. Ако на тоа се додаде буџетот за маркетинг и трошоци за дистрибуција, овој филм едвај успеа да заработи неколку долари, со оглед на тоа дека вкупната заработена сума на боксофисот беше „само“ 222 милиони долари.