Досега непознати ракописи на Стенли Кјубрик со идеи за сценарија за три филма се откриени во Велика Британија, пишува “Гардијан”.
Незавршените сценарија се насловени како брачен маж, совршен брак и љубомора.
Познатиот режисер ги пишувал сценаријата во периодот 1954-1956 година. Во тоа време тој имал проблеми со втората сопруга – актерката и танчерка Рут Соботка, со која се разведува во 1957 година.
“Ова е огромен износ на материјал што не го знаевме претходно. Белешките беа во неговиот дом”, вели професорот на Универзитетот во Велс и водечкиот специјалист за уметност на Кубрик, Натан Абрамс. Според него, во ракописите се среќаваат идеи, кои пронашле последователно одраз во филмот “Широко затворени очи”.
Стенли Кјубрик ( “2001 година: Вселенска одисеја”, “Пеколен Портокал”, “Сјај”) е американски режисер, кој го поминал поголемиот дел од својот живот во Велика Британија. Умира во 1999 година, набргу откако ја завршува својата работа во филмот “Широко затворени очи” со Том Круз и Никол Кидман.