Светскиот шампион со шпанската репрезентација, Икер Касиљас ќе работи во штабот на
португалскиот фудбалски клуб Порто. Ова беше официјално објавено од клубот.

Тој беше хоспитализиран на 1-ви мај поради срцев удар, а пет дена подоцна беше пуштен од
болница и во рок од еден месец веќе тренираше со своите соиграчи.
„Ќе правам нешто различно од она на што сум навикнат. Мојата работа ќе биде да одржувам добра
врска помеѓу тимот и раководството. Од Порто сакаат да останам во тимот и да бидам блиску до
фудбалерите, бидејќи ќе има некои промени. Ќе дадам се од себе, за да им помагам на моите
соиграчи. Се надевам дека ќе ја освоиме титулата и купот“, рече тој.
38-годишниот Касиљас премина во Порто во 2015-та година од Реал Мадрид.