Дејвис: Само титула ќе значи успешна сезона (ВИДЕО)

од Vlatko K
151 прегледи

Ентони Дејвис е официјално кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, а потоа даде интервју за ESPN,
споделувајќи многу интересни работи. Една од нив беше дека Роб Пелинка, кој е генерален менаџер
на „езерџиите“, не престанал да му ѕвони пред договорот помеѓу Лос Анџелес и Њу Орлеанс да
стане факт.


„Чувството да се биде овде е дефинитивно поинакво, но во исто време сум возбуден од она што се
случи. Сите овие трофеи што ги гледам ќе служат како мотивација. Не можам да дочекам да
почнам да работам“, изјави Дејвис, кој ќе игра со број 3 во Лејкерси.

„Роб Пелинка ми ѕвонеше на секои 30 или 45 минути. Ме прашуваше што мислам за овој или оној
играч. Понекогаш се случуваше да кажам: „Роб, јас сум во кино“, и тој рече: „Океј, океј, само ме јави
ми се веднаш, што ќе излезеш“. Неговата желба, и сите други во организацијата, е да имаме
најдобар можен тим, и мислам дека Пелинка одлично работи во тој поглед“, вели суперѕвездата.

„Знаев дека не можам да продолжам во Њу Орлеанс. Јас сум голем човек и потрошив доволно
време во НБА. Знам што сакам. Исто така, знаев дека зделката мора да биде што е можно
поповолна за мене и за „пеликаните“. Го сакам Њу Орлеанс, но никогаш не би направил нешто
различно. Од гледна точка на кошарката, беше време да продолжа, понатаму“, продолжува Еј Ди.

 

Имам стандарди, како и сите во Лејкерс. Ако не ја освоиме титулата оваа сезона, тоа не може да
биде успешна приказна“, додаде тој.

Слични содржини