ВИДЕО: „Извинете што ве прекинувам додека кажувате лаги“, ѝ рече Боки 13 на Рускоска на излегување од Кривичен

од desk4
216 прегледи

„Извинете што ве прекинувам додека кажувате лаги“, рече вечерва Бојан Јовановски познат како Боки 13 по одредениот 30 дневен притвор и излегувањето од Кривичниот суд, пренесе ТВ21.

Додека Јовановски го напушташе Кривичен во придружба на полиција, на скалите се сретна со обвинителката Вилма Рускоска која во тие моменти даваше изјава за медиумите.

Тогаш Боки 13 на Рускоска и се извини што ќе ја прекини во давањето на како што вели тој лагите.

 

Тв 21

Слични содржини