148
Епската ТВ-серија „Игра на тронови“ „Game of Thrones“ скрши уште еден рекорд – доби историски 32 номинации за наградите Еми за 2019 година.
Покрај номинацијата во категоријата Најдобра драмска серија, меѓу другите, серијата доби номинации за Кит Харингтон и за Емилија Кларк.
Крвавата сага го засени рекордот од 27 номинации на NYPD Blue поставен во 1994 година.
Со „Game of Thrones“ HBO ја врати доминацијата над Netflix, стриминг платформата што лани владееше со номинациите за престижните награди.