Германскиот канцелар Ангела Меркел повторно седна во текот на извршувањето на националните химни на церемонија за пречек на премиерот на Молдавија по трите неодамнешни инциденти, во кои таа се тресеше неконтролирано додека стоеше исправена на слични настани, потсетува “Асошиејтед прес”.
Канцеларката, која утре полни 65 години, минатата недела изјави дека психолошкото влијание од првата епизода со трресењето во средината на јуни е причината за последните инциденти, велејќи дека таа “ќе мора да живее со тоа за одреден временски период “, но нема што да се грижите, не се одложуват јавните обврски.