Џоли му предложи на Пит да ги чува децата за време на летото

од Vladimir Zorba
133 прегледи

Се чини дека односот помеѓу Бред Пит и Анџелина Џоли се смири, бидејќи актерката му предложи на нејзиниот поранешен сопруг да го помине летото со децата.

Според изворот, “Анџелина во поголемиот дел од летото ќе биде на снимања на новиот филм “, па одлучи да му понуди на Бред да ги гледа децата.

Пит не само што ќе може да помине време со своите наследници, туку и нивните баба и дедо. Според зборовите на изворот, за средба со внуците, актерот ги поканил своите родители Вилијам и Џејн во неговиот дом во Лос Анџелес.

Тоа значи дека Пит и Џоли ги закопале секирите, особено околу децата, бидејќи пред некое време актерката му забрани на поранешниот да учествува во животот на својот син Медокс, имено за изборот му на колеџ. Бред Пит од своја страна исто така е незадоволен како Џоли ги воспитува децата.

Според него, таа им дозволува премногу работи.

Бред и Анџелина имаат вкупно шест деца – три биолошки и три посвоени.