
Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери откри дека клубот има за цел да привлече „многу големи и скапи“ засилувања.
До моментов, „топџиите“ имаат само еден нов играч – 18 годишниот Габриел Мартинели, откако се уште удираат на камен во обидот да го купат Вилфрид Заха од Кристал Палас и Киеран Тирни од Селтик.
Исто така, постојат информации за напредни преговори со Сент Етјен за Вилијам Салиба и со Реал Мадрид за Дани Себаљос.
„Нашата цел е да привлечеме тројца или четири играчи кои навистина ќе го подобрат нашиот тим. Ние имаме големи барања и зборуваме за можноста за потпишување со многу големи и скапи играчи. Првиот играч на нашата листа е нашата прва цел. Ако не можеме да го добиеме, ќе се обидеме со вториот, но за сите играчи сме сигурни дека ќе го подобрат тимот. Имаме многу средби со Еду, како и Џош и Стен Кронке во Денвер. Идејата ни е многу јасна: да потпишеме со играчи кои можат да ни помогнат со добри перформанси и да се на потребните позиции“, изјави Емери пред контролниот меч со Баерн (Минхен) утре наутро.