Брз колач со јаболка

од desk2
302 прегледи

Кога еднаш ќе го пробате овој колач, постојано ќе го правите!

СОСТОЈКИ:
4 јаболка
5 лажици шеќер
8 лажици брашно
150 гр путер
цимет
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Јаболката излупете ги и исечкајте ги на коцки. Ставете ги во огноотпорен сад, ставете вода до половина од јаболката и посипете со цимет.

Во сад измешајте шеќер и брашно, а потоа постепено додајте путер и мешајте додека состојките не се соединат.

Смесата ставете ја преку јаболката и притиснете со вилушка. Печете во рерна на 180 степени околу 30 минути.