Претседателот на Бока Јуниорс, Даниел Анхеличи изрази уверување дека Даниеле де Роси наскоро
ќе потпише договор со клубот. Поранешниот италијански репрезентативец е слободен агент по
напуштањето на Рома и се очекува да ја продолжи кариерата во аргентинскиот гигант.

„Преговорите се во напредна фаза. Во следните денови Даниеле ќе пристигне во Буенос Аирес. Јас
сум 99 отсто сигурен дека тој ќе биде фудбалер на Бока“, изјави Анчеличи за „TyC Sports“.
„Нашиот спортски директор, Николас Бурдис, неколку пати зборуваше со Де Роси и совршено добро
знае колку тој сака да игра за Бока“, додаде претседателот на тимот од „Ла Бомбонера“.