Ајакс најде замена за Де Лихт

од Vlatko K
125 прегледи

Едсон Алварез е новиот член на холандски Ајакс, кој ќе го замени Матaис Де Лихт.


Медиумите во Холандија пишуваат дека Алварез е на пат за Амстердам каде што треба ги помине
лекарските прегледи, по што ќе стане и официјално член на Ајакс.

Мексиканецот досега играше во клубот Америка, а освен позицијата десен бек, Алварез може да ја
покрие и средината на теренот.

Како што изјавија од Ајакс, нивниот нов член ќе потпише петгодишен договор, а во наредните
денови ќе биде организирано и официјално претставување на играчот.