Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди одби да премине во англиски Арсенал откако Италијанците
понудија размена на аргентинскиот фудбалер со Пјер-Емерик Обамејанг, објавија медиумите во
Италија.
Поранешниот капитен на „нероазурите“ отпадна од претсезонската азиска турнеја на Интер откако
му беше кажано дека нема да биде дел од тимот во новата сезона. Ова лично му го споделил
новиот ментор на Интер, Антонио Конте.

Сепак, преговорите за трансфер на Икарди продолжуваат, а играчот сонува да игра во Јувентус во
новата сезона.
Ова можеше да биде враќање на Сан Сиро на Обамејанг, кој ја започна својата кариера во ривалот
на Интер – Милан.
Наполи продолжува да покажува интерес за Икарди, кој вреди 60 милиони евра – половина во
споредба со минатата година.