Фестивал „Фолклорен мост“ во Струга

од Vlatko K
97 прегледи

Со свечено дефиле низ Струшките улици и настап на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ синоќа се одржа 13. издание на фестивалот „Фолклорен мост“.

На манифестацијата учествуваа 13 фолклорни ансамбли и друштва од земјава и соседството.

– Преку песна и игра околу 500 учесници кои ги претставија фолклорните традициии и културните особености на своите земји, истакна организаторот, центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

На сцената, покрај домаќинот, КУД „Илинден“ од Струга настапија и културно уметничките друштва „Бранко Радичевиќ“ од Стара Пазова, Србија, „Везилка“ од Прилеп, „Сијач“ од Загреб, Хрватска, „Дримкол“ од Вевчани, „Будуќност 1984 “ – Добановци, Србија, „Новаци“ од Новаци, „Цариброд“ од Димитровград, Србија, „Илинден“ од Демир Хисар и фолклорните ансамбли „Ѕуница“ од Скопје, „Неврокоп“ од Бугарија „Гоце Делчев“ од Битола и „Стив Наумов“ од Логоврди.