Сари: Ми се допаѓа Погба, но не сум спортски директор

од Vlatko K
172 прегледи

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, призна дека му се допаѓа Пол Погба. Веднаш потоа, сепак
тренерот побрза да прецизира дека францускиот репрезентативец е играч на Манчестер Јунајтед.


Како што е познато, во 2016 година „црвените ѓаволи“ го скршија светскиот трансфер рекорд,
плаќајќи 105 милиони евра за фудбалерот. Досега, Погба го освои Лига Купот и Лигата на Европа со
црвениот дрес. Гласините ја испраќаат француската ѕвезда назад во Јуве.

„Навистина ми се допаѓа Погба, но тој е фудбалер на Јунајтед. Не сум спортски директор и не знам
каква е ситуацијата“, изјави Сари.

Тој потоа коментираше за други прашања, поврзани со „бјанконерите“.

„Де Лихт се уште не тренирал со останатите. Најверојатно ќе земе учество на средбата со Тотенхем.
Факт е дека заостануваме во подготвителниот процес наспроти Тотенхем, но се надевам дека утре
вечер ќе видам правилен став кај мојот тим“, рече тренерот на шампионите.

Конечно тој се довери дека ќе ја пушти мегаѕвезда Кристијано Роналдо лево во системот 4-3-3.