На наплатна рампа делеле пропаганден материјал за политичка партија

од desk2
214 прегледи

Во саботата, било пријавено дека 15-тина лица делат шишиња вода и пропаганден материјал на политичка партија на наплатната рампа Глумово, на автопатот Скопје-Тетово и го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што 11 лица се легитимирани и предупредени, а три лица се приведени во полициска станица бидејќи не сакале да се идентификуваат и ги омаловажувале полициските службеници.

По утврдување на идентитетот тие се пуштени, а поднесени им се прекршочни пријави.