На барање на граѓаните „Самерленд“ ќе завршува еден час порано

од desk2
100 прегледи

По добиеното барање од група граѓаните од Дебар Маало во однос на бучавата од настаните коишто се организираат во рамките на манифестацијата „Самерленд“, што се организира во Градскиот парк, Градот Скопје донесе одлука за скратување на траењето на активностите на оваа манифестација и истите да завршуваат еден час порано.

Така, наместо до полноќ, програмата секоја вечер ќе трае до 23 часот, а истата ќе се одвива и со намалена гласност.

Целта на манифестацијата „Самерленд“ е во текот на месец јули да понуди интересни забавни содржини и активности за сите возрасти во Градскиот парк.