Себалос во Лондон, на лекарски прегледи пред да биде претставен во Арсенал

од Vlatko K
163 прегледи

 Играчот на Реал Мадрид Дани Себалос, пристигнал во Лондон на лекарски преглед, а наредните денови ќе биде претставен како ново засилување на Арсенал.

Информацијата денеска на својот твитер ја објави угледниот новинар на „Скај спортс“ Џим Вајт, кој додаде дека Себалос доаѓа кај „топџиите“ како едногодишно позајмување, со можност од следната сезона тимот од Лондон да може да го купи неговиот договор.

И другите медиуми во Англија ја потврдуваат информацијата дека Реал и Арсенал се договориле за трансферот на Себалос како позајмување.