Овошни мафини

од desk2
735 прегледи

Ви донесуваме рецепт за вистинско слатко уживање. Едноставен и брз десерт.

СОСТОЈКИ:
250 гр брашно
2 лажички прашок за печиво
прстофат сол
230 гр путер
200 гр шеќер
1 мала шолја млеко
рендана кора од лимон
2 јајца
250 гр брусница

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Распоредете 12 хартиени корпички за колачи во калапи за мафини. Во голем сад измешајте брашно, прашок за печиво и сол, а во друг разматете путер, млеко, шеќер, јајца и кора од лимон. Додајте ги сувите состојки и матете додека не се соединат, а потоа ставете брусница и лесно измешајте.

Со лажица ставете ја смесата во хартиени корпички и печете на 200 степени, 20-25 минути, додека мафините не добијат златна боја. Оставете ги да се изладат пет минути, а потоа извадете ги корпичките од калапот. Мафините по желба премачкајте ги со растопено чоколадо.
Уживајте!