Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита

од desk2
118 прегледи

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита,  се пофали министерот за здравство Венко Филипче на фејсбук.

Тој пишува

Во услови на недостаток на кадар во јавно здравствени установи (ЈЗУ) се дава можност кадар од друга ЈЗУ да оди и пружа услуги на пациентите во ЈЗУ во општината во која живеат пациентите, за да не одат на друго место да користат здравствена заштита и услуга. Со оваа одлука, услугата ја правиме достапна до пациентите. Наместо пациентите да патуваат во големите болници или во Скопје, сега специјалистите ќе доаѓаат каде е потребно;

На здравствените работници со високо образование кои се корисници на пензија, им се овозможува да можат да бидат ангажирани во здравствени установи како консултанти и советници на здравствените работници;

Се укинува испитот за директор на здравствена установа. Со измените здравствениот работник, односно соработник кој е именуван за директор може да ја врши и понатаму својата дејност со работа со дежурства, за што има право на соодветен надоместок;

Се менува времето што специјализантот треба да го одработи во установата по завршувањето на специјализацијата во траење еднакво на должината на траењето на специјализацијата, како и утврдување односно намалување на висината на средствата што треба да ги надомести специјализантот ако предвреме ја напушти установата;

Се доуредуваат одредбите кои се однесуваат на тоа што преставува цена на здравствена услуга извршена преку дополнителна дејност и под кои услови се врши истата во текот на еден месец.

Со овие измени се зголемува квалитетот на здравствената заштита, се подобруваат условите за работа на медицинскиот кадар во нашата држава и нема фискални импликации врз Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година.