Дневниот центар за згрижување деца со попреченост во Тетово заедно со невладината организација „Имаго плус“ го зголеми капацитетот на установата и од сега таму ќе можат да одат и деца од претшколска возраст. На свеченоста по повод почнувањето со работа денеска присуствуваа заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и градоначалничката на Тетово Теута Арифи.

– Приоритетите на Министерство и Владата се да ги развиваме социјалните сервиси. Дневните центри на локални ниво се тие кои не следат на локално ниво и претставуваат мост за зближување со другите установи со цел вклученост за сите во општеството. Новоотворениот центар има стручен кадар кој ќе работи на индувидуален третман со децата, изјави Бајрактар.
Арифи истакна дека заеднички именител е инклузијата на децата со посебни потреби. – Надминуваме еден досегашен недостаток и на тие семејства им укажуваме дека не се сами, рече Арифи
Во Дневниот центар ќе бидат згрижувани дополнително уште 15 деца од претшколска возраст.
-Со отворање на овој центар нема да одат децата во други градови и да прават трошоци. Нашите вработени имаат сертификати за настава со современи методи за деца со попреченост, рече Земријет Бела Вејсели од здружението на граѓани „Имаго плус“.
Дарко Обадиќ, директор на Центарот за социјални работи Тетово смета дека ова е мал, но значаен чекор во подигање на општествената свет, препознавање и прифаќање помош на семејствата кои се соочени со оваа проблематика. На сите катерогии на граѓани, како што рече, да им даде можност да земат учество во сите општествени сфери.
Градоначалничката Арифи истакна дека во училиштата се прави обид да се зголеми бројот на вработени со цел инклузија на учениците со попреченост.