Екипи на „Комунална хигиена при ЈКП „Дервен“ на барање на општина Велес неделава вонредно го исчистија Дервенскиот поток и игралиштето, а кои беа преполни со купишта смет исфрлен од несовесни граѓани.

Од општина Велес апелираат до сите нив сметот да не го фрлаат на јавните површини туку во канти за отпадоци и контејнери поставени за таа намена и со тоа да придонесат за почиста животна средина, а со што ќе заштитат своето и здравјето на своите деца и останатите жители.
Дервенскиот поток годишно се чисти четири пати годишно, а игралиштето шест.
Досега Дервенскиот поток бил чистен во март и јуни, а игралиштето во февруари и мај.
Од општина Велес велат дека по неколку дена по чистењето, несовесите граѓани повторно ги претвараат овие јавни градски локации во диви комунални депонии со што повторно ја нагрдуваат непосредната животна средина и придонесуваат за опасности од ширење на заразни болести.