Се тампонира полскиот пат во селата Робово и Мачево

од Vlatko K
155 прегледи
 Започнаа градежните работи за тампонирање на полскиот пат помеѓу селата Робово и село Мачево. Вршејки увид во градежните активности заедно со својот колега Звонко Пекевски, градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски, истакна дека со реализацијата на овој проект ќе се олесни пристапот на земјоделците до обработливите површини.
-Проектната активност за подобрување на состојбата на полскиот пат помеѓу селата Робово и Мачево, подразбира тампонирање на постоечкиот земјен полски пат, што ќе значи олеснување на активностите на земјоделците од овие две села. Активностите ќе се реализираат во должина од 1.200 метри, со предвидени, 3 (три) пропусти, преку полскиот пат кои ќе ги одведуваат водите од околните ниви, истакна Тренчовски.
Подобрувањето на патната инфраструктура и во тој дел подобрувањето на полските патишта како што додава Тренчовски е исклучително важно за руралниот развој и за земјоделците, бидејќи како што додава на тој начин ќе се овозможи полесен, побезбеден и побрз пристап до земјоделските површини.
Тампонирањето на полскиот пат од село Робово кон село Мачево е проект кој се реализира во рамки на Програмата за капитални субвенции за развој на планските региони во областа на земјоделството и руралниот развој на Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство. Истиот е дел од проектот ,,Подобрување на руралната патна инфраструктура преку изградба на пристапни патишта во подрачја со земјоделска дејност и обработлива површина во Источен плански регион” на Центарот за развој на Источен плански регион”.