Повеќе од 200 куќи изгореа во пожар во Перу, нема жртви

од Марта Пешевска
100 прегледи

Повеќе од 200 куќи и продавници се уништени во пожарот кој го зафати пристаништето Калао во Перу, и само неколку лица се полесно повредени.

e

Вкупно шест противпожарни екипи биле распоредени на подрачјето кое било зафатено со пожарот и за неколку часа го совладале, јавија локалните медиуми.