Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“ организира натпревар за најдобра фотографија на тема „Убавините на Крива Паланка и околината“. Целта на натпреварот е да се соберат фотографии од градот и неговите убавини со цел промоција и развој на туризмот.

– Ги повикуваме сите кои сакаат да учествуваат на овој натпревар да објават слика од Крива Паланка и околината на Фесјбук профилот на фондацијата со хаштаг #УбавинитеНаКриваПаланка. Сите граѓани на општината, посетители и туристи нека ја разбудат креативноста и нека ги овековечат убавините на прекрасната природа и знаменитости на Крива Паланка, нека ги фотографираат моментите што ги воодушевуваат и импресионираат. На овој натпревар се прифаќаат фотографии со каков било мотив кои јасно без опис даваат слика и претстава за Крива Паланка. Истите може да бидат направени со телефон, фото-апарат или дрон, под услов сликите да се со добра резолуција, информира Ирена Белешковска, извршна директорка на Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“.
Фотографиите може да се објавуваат најдоцна до 1 август 2019 година, по што најдобрите фотографии ќе бидат наградени со парични награди.
Секој учесник може да прати најмногу три фотографии, а фотографијата треба да биде авторска т.е. да не е плагијат или копија.
Пријавените фотографии ќе разгледува и оценува стручна комисија, а влијание во оценкатата ќе има и бројот на допаѓања на сликата