Златан Ибрахимовиќ отсекогаш импресиониралсо неговите фудбалски вештини на теренот и
прекумерната самодоверба, која често се граничи со ароганција. 37-годишниот фудбалер
продолжува да игра одлично, и покрај неговата возраст. Во последниот натпревар за неговиот клуб
– Лос Анџелес Галакси, тој забележа „хет-трик“, но, исто така, повреди тешко играч од
противничкиот тим прив судир во воздух меѓу двајцата.

Дисциплинската комисија на МЛС одлучи да не го казнува шведскиот фудбалер и покрај тоа што го
испрати Мохамед Ел-Мунир во болница со скршена коска на лицето. Многумина мислеа дека
Ибрахимовиќ заслужува тешка казна, но на крајот тој не беше санкциониран на било кој начин.
Сепак, напаѓачот се чувствува како жртва и го призна тоа во едно интервју, додавајќи дека тоа е
нормално, затоа што е најдобар.