Сопственикот на Њукасл Јунајтед, Мајк Ешли, откри дека поранешниот менаџер на тимот, Рафаел
Бенитез, не го продолжил договорот со клубот, бидејќи сакал да добие значително повеќе пари.

„За Рафа, парите отсекогаш биле на прво, а клубот на последно место. Тој избра наједноставна
опција, отиде во Кина за пари. Ако се вратеше во Реал или преземеше топ клуб во Премиер лигата,
би разбрал. Се беше за пари, тој веднаш мораше да го каже тоа. Тој побара зголемување на платата
од 50 отсто, бидејќи знаеше дека нема да се согласиме“, изјави Ешли за „Дејли Мејл“.
По одбивањето повторно да потпише за Њукасл, Бенитез потпиша договор со Далијан Ифан.
Според медиумите, шпанскиот специјалист ќе заработува 13,4 милиони евра по сезона во Азија.