Шефот на Атлетико: Имаме докази за Барса и Гризман

од desk4
114 прегледи

Извршниот директор на Атлетико Мадрид, Мигел Анхел Хил Марин, објави дека има јасни и
конкретни докази дека Барселона и поранешниот нивни играч, Антоан Гризман потпишале
прелиминарен договор во март.


Трансферот на светскиот шампион по оска „Ванда Метрополитано“ – „Камп Ноу“ доведе до голем
број на турбуленции во клупските односи. Барселона ја плати намалената до 120 милиони евра
откупна клаузула на Гризман, но Атлетико инсистира да ја добие оригиналната нејзина големина од
200 милиони поради фактот дека Каталонците и напаѓачот воделе преговори и склучиле договор
зад грбот на „рохибланкос“ уште во март .

Намалувањето на предметната клаузула се случи на 1 јули, според точката во последниот договор
помеѓу Атлетико и 28-годишниот фудбалер. Мадридскиот тим инсистира на тоа дека моментот во
кој Гризман кажал „да“ на Барселона, неговата цена се ‘уште била повисока за 80 милиони евра.
„Знам што имам, бидејќи тоа е кај мене. Ајде да дозволиме работите да се развиваат сами по себе“,
изјави Хил Марин за „ESPN“.

„Ние поднесовме жалба како во Шпанската фудбалска федерација, така и во Ла Лига. Во моментов,
се воздржуваме од влегување во полето на трудовото право. Тоа е местото каде што најверојатно
ќе го бараме остатокот од нашите пари. Почнавме правни консултации и ќе видиме колку далеку
можеме да стигнеме“, вели тој.

„Ние ниту сакаме, ниту се трудиме да нанесеме штета на односите меѓу клубовите. Сакаме да
видиме како ќе се развијат работите во наредните недели. Жалбата е во тек, а кога спортските
власти ќе се произнесат, ќе одлучиме дали ќе го однесеме предметот пред граѓанските судови“,
додаде Хил Марин.