Сладолед торта со малини

од desk2
448 прегледи

Оваа торта е идеален летен десерт – кремаста текстура, освежувачки вкус, брза подготовка…

СОСТОЈКИ:
1 кг крем шлаг
1 л кисела вода
2 чаши кисела павлака
600 гр мелени бисквити
600 гр малини
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Крем шлагот разматете го со кисела вода, па додајте две кисели павлаки и разматете доедка не се соедини. Шлагот поделете го на три дела.

Во првиот дел измешајте мелени бисквити, а потоа распоредете како кора на дното на калапот.

Во вториот дел измешајте малини. Можете да користите свежи или замрзнати. Филот со малини премачкајте го преку кората од бисквити.

Во третиот дел не додавајте ништо, само премачкајте преку филот од малини.

Оставете ја тортата во фрижидер и почекајте да се излади неколку часа.
Уживајте!

Слични содржини