Евертон со конкретна понуда за Заха

од desk2
228 прегледи

Евертон му понуди 55 милиони фунти на Кристал Палас, за Вилфрид Заха.

За истиот играч веќе неколку време Арсенал испрати неколку понуди, вклучувајќи и понуда на свои фудбалери но Кристал Палас ги одбиваше истите,

На прашањето за иднината на Заха, после пријателскиот натпревар со Бристол, се изјасни тренерот на Палас Рој Хадсон.

– Повеќето од тоа што се случува со Вилфрид се случува меѓу него и претседателот. Тој и претседателот се познаваат и сложуваат добро, изјави Хадсон.

Заха постигнал десет голови во 36 настапи за Кристал Палас минатата сезона, па така на својот тим им помогнал да го освојат 12 место во Премиер лигата.