Кое месо колку време може да стои во фрижидер и замрзнувач?

од desk2
1,8K прегледи

Секој вид месо има рок на траење во фрижидер или во замрзнувач.

Ова е мало упатство како треба да постапите:

Живина
Свежото пилешко или мисиркино месо во обичен фрижидер трае еден до два дена, а во замрзнувач и до една година, на температура од -18 степени.

Зготвеното пилешко месо треба да се изеде најдоцна следниот ден, а смрзнато може да потрае и 2-3 месеци.

Црвено месо
Во фрижидер може да потрае и до пет дена, а смрзнато од 4 до 12 месеци. Зготвеното црвено месо во фрижидер смее да стои до три дена, а најмногу шест месеци во замрзнувач.

Меленото месо (говедско, телешко, свинско и нивни мешавини) во обичен фрижидер трае до два дена, а замрзнато до четири месеци.

Сланина, колбаси и сувомесни производи
Сланината и сувомесните производи најдобро е да ги изедете во рок од една недела. Свежите колбаси траат до два дена, додека димените околу пет. Смрзнати може да траат и до два месеца.

Слични содржини