На Табановце за излез од државава се чека по половина час

од desk2
153 прегледи

На граничниот премин Табановце за излез од државата се чека по 30 минути. На останатите гранични премин нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат попладнево од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони, а посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

– На Регионалниот пат Р2133, делница Куманово – Опае ќе се изведуваат асфалтерски работи, поради што ќе се изврши затворање на сообраќајот од денеска до 31 јули, среда, во времетраење од 09:00 до 18:00 часот, информираат од АМСМ.