Вкуен и кремаст: Колач со кроасани готов за миг

од desk2
637 прегледи

Неверојатно вкусен колач кој се подготвува брзо и лесно.

СОСТОЈКИ:
200 гр бисквити
3 пудинга од чоколадо
3 пудинга од ванила
12 лажички шеќер
2 л млеко
10 големи чоколадни кроасани
3-4 лажички чоколаден крем
300 мл шлаг
млеко за потопување

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Бисквитите потопете ги во млеко и наредете ги на тацна. Потоа згответе пудинг од чоколадо, па кога ќе биде готов, прелијте преку бисквитите.
Следниот чекор е преку пудингот да наредете кроасани, а преку нив пудинг од ванила.
За самиот крај намачкајте чоколаден крем преку и оставете да се излади. По желба, можете да додадете и шлаг преку кремот.
Уживајте!

Слични содржини