Две лица повредени од огнено оружје на свадба во Мала Речица каде бил и функционер на ДУИ

од Марта Пешевска
92 прегледи

Во тетовска Мала Речица ноќеска две млади лица се повредени на свадба поради пукање од огнено оружје.

Според првичните информации еден од повредените е потешко ранет и однесен на клиниките во Скопје, додека вториот е вон животна опасност и задржан на лекување во тетовската Клиничка болница.

За случајот е известена и полицијата. Извршен и увид на местото каде била свадбата каде се користело огнено оружје.

Од семејството на повредениот Фисник Адеми, син на пратеникот  Џеват Адеми во изјава за Лајм кратко изјавиле дека се работи за повреда од повратен куршум од пукотница на свадба.
-Состојбата на двајцата повредени е стабилна. Едниот се лекува во болницата во Тетово, а другиот во Скопје – велат од семејството Адеми