Девизните резерви на БиХ за првпат над 12 КМ

од desk4
146 прегледи

За првпат во јуни годинава, девизните резерви на Централната банка на Босна и Херцеговина се над 12 милијарди конвертибилни марки, според најновата статистика од Централната монетарна установа на БиХ.

Во јуни, нето девизните резерви изнесувале 12,02 милијарди КМ, што е за 1,3 проценти повеќе во однос на претходниот месец.

Девизните резерви на БиХ се во постојан пораст, надминувајќи 10 милијарди КМ во декември 2017 година.