
Најмалку 20 клиенти на продавници од ланецот Волмарт загинаа при пукање во трговски центар во Ел Пасо, Тексас. Во нападот повредени се 26 лица , изјави гувернерот Грег Абот.
Градоначалникот на Ел Пасо Ди Марго изјави дека полицијата проверува расистичка порака на Интернет , објавена непосредно пред пукањето.
Криминал од омраза е меѓу мотивите кои властите ги испитуваат.
Полицијата ги блокира улиците и изврши увид во неговиот дом .

Во една од локалните болници се примени 11 лица на возраст меѓу 35 и 82 години .9 лица се во критична состојба, двајца се во стабилна состојба, а две до три се во животна опасност.
Мексиканскиот претседател Андрес Обрадор напиша на Твитер дека тројца Мексиканци се меѓу загинатите . Министерот за надворешни работи изјави дека едно 10-годишно девојче е меѓу шестмина погодени Мексиканци.
Полицијата на Ел Пасо потврди дека во пукањето била користена пушка.
Првично, полицијата добила извештај на неколку напаѓачи.
Ова е втор напад на продавници во Волмарт во неделата. На 30 јули две лица загинаа, а еден човек беше повреден при пукање во Мисисипи.
Ел Пасо е град во Тексас со 680.000 жители и се наоѓа на границата со Мексико.
Кон крајот на минатиот месец, три лица загинаа во пукање на фестивал во Калифорнија.