Се појави и трет кандидат за Хамес Родригез

од desk2
137 прегледи

Сè уште не е јасно каде Хамес Родригез ќе ја продолжи својата кариера. За него е заинтересиран Атлетико (Мадрид) и Наполи, а според последните информации, и француски Марсеј ја следи ситуацијата околу Колумбиецот.

Французите се надеваат дека можат да ги искористат предностите на разликите што ги има Реал Мадрид со останатите две екипи и да потпишат со играчот од средниот ред. Тој во моментов тренира со „белиот балет“, откако играше на изнајмување во Баерн Минхен изминатите две години.

После тешката повреда на Марко Асенсио, имаше дури и извештаи дека ова може да го остави Хамес на „Бернабеу“. Тренер на Марсеј е Андре Вилаш-Боаш, а управата има амбиција да го засили тимот со класа играчи.