Траект со 1.365 патници се врати назад во Атина поради дефект со моторот

од desk2
282 прегледи

Траект со 1365 патници што во 6 часот и 45 минути утрово тргнал од пристаништето Пиреј, се врати на атинското пристаниште поради дефект на моторот, јави дописничката на МИА од Атина.

Патниците безбедно стигнаа на најголемото грчко пристаниште, а до нивните дестинации ќе ги бидат пренесени со други бродови во текот на денот.

Бродот „Блу стар Наксос“ пловел меѓу островите Кеа и Китнос, кога околу 9 часот и 30 минути се појавил дефектот и според грчките медиуми, капетанот решил да се врати назад, а тоа им било соопштено и на патниците.