Бордо и официјално го објави трансферот на дефанзивецот Лоран Кошчелни, кој пристигнува од
Арсенал за сума од околу 5 милиони евра. Клубот не го објави рокот на договорот на 33-годишниот
Французин.

Како што е познато, поранешниот капитен на „топџиите“ одби да отпатува со тимот за
предсезонската турнеја во САД поради желбата да се врати во клуб од неговата родна земја. Тој
имаше договор со клубот за уште една година, но го отфрли предлогот за обновување.
Така, по 9 години во Арсенал, Кошчелни се врати во Франција, каде последен пат играше во
Лориент.
За лондонскиот тим, дефанзивецот одигра 353 натпревари со 27 погодоци. Со него, тој го освои ФА
Купот и „Комјунити Шилд“ три пати.