„Лидл“ отвора нов логистички центар во Словенија

од desk2
148 прегледи

Изградбата на новиот логистички центар се одвива според плановите, а со работа ќе почнеме кон крајот на оваа есен. Во моментов сме во завршна фаза. Набрзо ќе следува и преселбата од моменталната локација, изјавија од компанијата за нашиот магазин.

Благодарение на новиот логистички центар, кој се простира на 57.000 м², „Лидл“ планира да ја зајакне позицијата на едно од најголемите трговски претпријатија во Словенија, кое воедно е и најголемиот работодавец со 1.500 вработени.

Како што истакнаа од компанијата, овој центар ќе биде еден од првите модуларни центри во светот, со што ќе биде скратена логистичката рута. На покривот ќе има соларни плочи, така што „Лидл“ ќе може да влезе во трката за добивање сертификат за одржлива градба и работење.

Освен овој центар, „Лидл“ планира изградба на логистички центар и во Залог, Љубљана, кој освен словенечкиот ќе ги покрива и пазарите во регионот.

(Извор – www.instore.mk)