Фрид: Сојузот на Србија со Русија нема да биде од корист за српскиот народ

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Експертот за руски прашања и поранешен висок американски дипломат, Даниел Фрид, оцени дека сојузот меѓу Србија и Русија нема да биде од корист за српскиот народ.

-Не знам како идејата Србија да стане руски приврзок или да биде под руска контрола или дел од системот на Путин би била корисна за Србија или за српскиот народ, кажа Фрид за Гласот на Америка.

Според него, „основна поента е Србија да ја реализира својата европска иднина, а не иднината на еден од пријателите на Москва, кои имаат тенденција да не бидат особено успешни“.

-Не зборувам за тоа Србија да стане сојузник на САД, можеби спомените за војната во Косово се премногу свежи. Ако Србија не сака да купува американска воена опрема, зошто да не ја купи од Франција затоа што односите со таа земја се во ред, праша Фрид.

„ВОА“ потсети дека на крајот на јули Русија на српската војска и предала десет оклопни возила за извидување, за кои српскиот претседател Александар Вучиќ тврди дека ги примил како подарок.

Даниел Фрид посочува дека руската воена опрема, колку и да е застарена, би можела да го наруши балансот во веќе нестабилниот регион.

-Во рамките на поранешна Југославија, Косово, Република Српска, БиХ не се стабилни области. Проблемот не е воената опрема, која, патем, е застарена. Во основа таа е руски шкарт и Србија не го добива најдоброто. Проблемот е во сугестијата што Србија сè уште е заинтересирана да стане еден вид мост меѓу Русија и Западот или еден вид неутрална земја, а јас не гледам како тоа е во било чив интерес, вели американски експерт.

Фрид смета дека Русија е заинтересирана да привлече што е можно повеќе земји-клиенти.

-Таа настојува да се поттикнат антизападните чувства во Србија, а резултатите од тоа се совршено предвидливи. Руските сојузници обично завршуваат во сиромаштија, корупцијата е на високо ниво, имаат слабо владеење на правото и помалку се интегрирани во светската заедница од земјите што сакаат да се приближат на ЕУ, кажа Фрид за Гласот на Америка.

Слични содржини