Во овој момент беснеат повеќе од 50 пожари  во Грција , јавуваат локалните медиуми.

Балканскиот регион пак  е покриена со афрички топлотни бранови, суша и силен ветер.

Повеќе од 450 пожарникари и 23 авиони се мобилизирани за борба против пожарот.

Особено голем е еден пожар на островот Елафонизос, јужен Пелопонез и два во близина на Маратон, во близина на главниот град Атина.

  Евакуираните лица беа извлечени од кампот и хотелот „Елафонизос“ и од одморалиштето во  село во областа Маратон.

Маратонот се наоѓа во близина на одморалиштето Мати, каде минатата година загинаа 102 лица во најсмртоносен пожар во грчката историја.