Арсенал во недела му гостува на Њукасл во првото коло на Премиер лигата , а на натпреварот Унај Емери нема да ги вклучи двајцата важни играчи , Сеад Колашинац и Месут Озил.

Причината за неиграњето е нивниот неодамнешен проблем со мафијата . Да потсетиме, двајцата играчи пред две недели беа нападнати со нож од разбојници , па откако Колашинац им се спротистави , тие побегнаа.
Атмосферата со нив во тимот не е најдобра , па Емери реши да ги оддалечи на неодредено.
Двајцата наводно и се замериле на лондонската мафија , па од инцидентот наваму изнајмиле приватно обезбедување во нивните куќи.
Полициската истрага е во тек ,а разбојниците не се фатени.