Најмалку 23 лица починале, а други скоро 13.000 се хоспитализирани од топлотен удар во Јапонија минатата недела. Ова беше објавено во средата од началникот на пожарникарите во Јапонија.
Забележано е дека во последните седум дена вкупно 12 751 луѓе се хоспитализирани со топлотен удар низ цела Јапонија. Земјата продолжува да страда од топлина. Во некои региони, температурата достигнува 39 Целзиусови степени.
Повеќето од повредените и починатите се стари лица кои често не вклучуваат климатизација дома заради заштеда. Властите во земјата бараат од населението да носи капи, да пие повеќе течности и да не останува надвор на сонцето подолго.
Минатата година, поради екстремната топлина и рекордните високи температури во Јапонија, загинаа над 150 луѓе, а десетици илјади беа примени во болниците.