Кралското семејство се откажува од традицијата: „Виновна е Меган Маркл?

од desk2
101 прегледи

 

Секоја година по Божик, кралското семејство заминува во друг замок на кралицата Елизабета II за да се испочитува долгогодишната треадиција.

Имено, на 26 декември семејството се собира за да оди во лов на диви кокошки. Меган Маркл е борец за правата на животните и не е голем љубител на оваа традиција. Изгледа целото семејство годинава ќе се откаже од традицијата, но Маркл нема врска со тоа.

Според „Дејли меил“, се работи за проблем со зголемениот број бубачки поради лошото време на островот. Поради зголемениот број бубачки дивата кокошка се бори за опстанок, па сезоната за лов официјално е завршена.

Оваа вест го затекна кралското семејство на летување и им ги промени палновите за зимата, пишува Космополитен. Сепак, во интерес е да се сочува популацијата на птици, па кралското семејство ќе мора да најде некоја друга активност. Едно е сигурно, веста ја израдува Меган и загрозените птици.

Слични содржини